Кривична заработи полицаец од преминот „Табановце“

ГП Табановце. / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава до Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања против А.Б. вработен како полицаец во полициска станица за гранични работи „Табановце”, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”.

Имено на 21.11.2021 во 10,50 часот на граничен премин „Табановце” пријавениот при вршење на пасошка контрола одобрил влез на лице кое не поседувало валиден ПЦР тест или сертификат за вакцинација, при што истиот постапил спротивно на Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест Ковид 19 предизвикана од вирусот SARS-COV-2.

Против полицискиот службеник изречена е и мерка отстранување од работното место до завршувње на дисциплинската постапка. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот