Кривична за правен субјект во Дебар: Вршеле превоз, а немале лиценца

Дебар, Фото: МИА

Правен субјект и две одговорни лица во правниот субјект заработија кривични пријави за злоупотреба на службената положба и вршење јавен превоз без поседување лиценца.

– Поради постоење на основано сомнение за сторени казнени дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „вршење јавен превоз без поседување лиценца”, Одделението за внатрешни работи – Дебар поднесе кривична пријава против правно лице од Дебар како и против Б.Л. (55) од Дебар и О.П. (41) од дебарското село Бањиште, одговорни во правниот субјект, информира Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Охрид.

Димоски додава дека на 20 октомври оваа, при извршени контроли во патниот сообраќај, полициски службеници констатирале дека пријавените, организирале и вршеле незаконски превоз на патници, односно без да поседуваат лиценца за вршење на општински такси превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај.

Димоски во исто време информира и за тоа колку лица се казнети за неносење заштитна маска во последното деноноќие.

– Според статистичките податоци на ОВР Дебар, во изминатото деноноќие, на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, полициските службеници констатирале девет прекршоци за неносење лична заштита на лицето. На овие лица им се издадени прекршочни платни налози, рече Димоски.

Додаде дека од почетокот на пандемијата на подрачјето на двете општини издадени се 1.368 платни налози за неносење заштитна маска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот