Кривична за гостиварец кој нападна контролор за паркирање

фото Архива

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против А.Б.(47) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“.

-На 16.10.2019 пред угостителски објект на ул.„Борче Јованоски“ пријавениот физички го нападнал И.Е.(37) од Гостивар, вработен како контролор за паркирање, кој преземал службени дејствија- информираат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот