Кривична за две фирми од Велес за даночно затајување од 6,7 милиони денари

Фото: МИА

Управата за финансиска полиција соопшти дека до Основното јавно обвинителство Велес поднесе кривична пријава против лицето В.О. во својство на управител на правните лица ТД АДО 95 и ТД ГАЦО КОМ, како и против правното лице ТД АДО 95 и правното лице ТД ГАЦО КОМ, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело даночно затајување од член 279 ст.1 и ст.3 и фалсификување или уништување деловни книги од член 280 ст.2 и ст. 3 в.в.ст.1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

„Првопријавениот В.О. во својство на управител на правните лица ТД АДО 95 и ТД ГАЦО КОМ, во периодот од 01.01.2016 година до денес, со цел да се стекне со противправна имотна корист, во име и за сметка на второпријавеното правно лице ТД АДО 95 и третопријавеното правно лице ТД ГАЦО КОМ, во завршните сметки за 2018 година прикажал невистинити податоци, односно, не извршил отпис на ненаплатените побарувања од купувачите кои се постари од три години, и тоа за вторпријавеното ТД Адо 95 во износ од 43.103.393,00 денари, за третопријавеното ТД Гацо Ком во износ од 23.783.183,00 денари со што не ја зголемил добивката во однос на непризнаени расходи за даночни цели, за кои износи не пресметал, не пријавил и не платил Данок на Добивка во износ од 4.310.339,00 денари за второпријавеното правно лице ТД Адо 95 и износ од 2.378.183,00 денари за третопријавеното правно лице ТД ГАЦО КОМ“, наведуваат од Финансиската полиција.

Со претходнонаведените дејствија, се посочува, пријавените лица го оштетиле Буџетот на Република Северна Македонија во вкупен износ од 6.688.658,00 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот