Кривична за двајца кичевци

Пријавените не се придржувале до мерката за забрана за движење на граѓаните во временскиот период од 16 до 5 часот заради спречување на ширење на коронавирус, предвидена во Одлуката на Владата на Македонија.

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија”, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против A.M.23 годишен и Љ.М.25 годишен, двајцата од Кичево, информира портпаролот на СВР- Охрид Стефан Димоски.

Тој објасни дека тие, на 29.март во 17:00 часот, во време кога на сила е мерката за ограничено движење, биле затекнати на булеварот „Ослободување” во Кичево, по што биле приведени во полициска станица.

Пријавените не се придржувале до мерката за забрана за движење на граѓаните во временскиот период од 16 до 5 часот заради спречување на ширење на коронавирус, предвидена во Одлуката на Владата на Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот