Кривањева: Да ги израдуваме сите струшки навивачи и да испишеме историја во Подгорица

фото: fcstruga.com

Струга Трим Лум доцна синоќа пристигна во градот Подгорица, каде тимот одмараше ден претходно, за да се подготви за денешниот официјален тренинг кој беше предвиден да се одржи во 21.00 часот, од кога и ќе се игра реваншот во вторник против Будуќност во второто квалификациско коло на Конференциската лига.

Актуелниот македонски шампион по првиот меч има предност од 1:0, останува да се види дали тоа ќе биде доволно да се елиминира претставникот од Црна Гора. Во пресрет на возвратниот дуел своите очекувања ги сподели бекот на Струга Трим Лум, Бесарт Кривањева, кој верува во најдоброто, верувајќи во силите на тимот.

Доколку струшката екипа ја помине оваа пречка, во третото квалификациско коло ќе го чека победникот од пресметката помеѓу Есперанж од Луксембург и велшкиот ТНС. Првиот натпревар меѓу овие два тима одигран во Велс заврши нерешено 1:1.

Милинковиќ пред реваншот против Струга: Резултатот е активен, можеме да избориме пласман во следното коло

– Од синоќа остануваме овде во Подгорица, со единствена цел да бидеме максимално мирни за историскиот натпревар во вторник. Атмосферата во тимот е на вистинско ниво, теално требаше првиот меч требаше да го завршиме со повисок резултат, врз основа на шансите што ги создадовме, особено во текот на првото полувреме, каде од вкупно 5-6 чисти шанси само еднаш успеавме да постигнеме гол. Се надевам дека овде во Подгорица среќата ќе биде со нас, а ќе се случи спротивното, ќе имаме помалку шанси, но ќе постигнеме повеќе од еден гол и самите ќе си ја завршиме работата – вели Кривањева.

Според дефанзивецот, Струга Трим Лум со тренерот Шпетим Дуро игра отворен фудбал, без разлика дали игра дома или на гости.

– Тоа е филозофијата на нашиот тренер, со која се согласивме и ние играчите, бидејќи реално во модерниот фудбал не е важно каде го играш натпреварот. Ова најдобро го доживеавме и во првото коло од Лигата на шампионите, кога извлековме нерешено на гости против Жалгирис, но го загубивме мечот во Охрид, иако реално на тој меч среќата не беше со нас, со оглед на тоа што имавме водството, кое го загубивме за само 5 минути. Сепак, фудбалот е таков и треба да гледаме напред, веќе го чекаме натпреварот со Будуќност против кој тим сме подготвени да дадеме максимум, со единствена цел да ги израдуваме сите струшки навивачи, но и да испишеме историја на нашиот клуб – рече Кривањева.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот