Кремљ се откажува од симболот на војната? Буквата „Z“ се отстранува од зградите во Русија

буква з симбол русија z
Фото: Danil Aikin / TASS / Profimedia

Кремљ можеби планира да ја „ребрендира“ својата инвазија на Украина, откако властите наредија отстранување на огромни транспаренти со провоени симболи „Z“ и „V“ од истакнати згради, пишува „Јутарњи лист“.

знак з симбол z русија путин
EPA-EFE/MAXIM SHIPENKOV

Во Москва, инспекторите му наредиле на Сергеј Миронов, лидерот на пропутинската партија „Праведна Русија“, да го отстрани транспарентот од неговата канцеларија во центарот на градот, повикувајќи се на „бројни“ поплаки од граѓаните, пишува британски Тајмс.

Во Новосибирск, најголемиот сибирски град, службениците постапија слично откако беше потврдено тврдењето на еден тинејџер дека транспарентите што висат пред канцеларијата на градоначалникот ги прекршуваат прописите за јавно рекламирање. Транспарентот беше отстранет и од фасадата на канцеларијата на воените ветерани во Перм, во регионот на Урал.

буква з симбол русија z
EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

И на децата кои „Z“ и „V“ ги „украсуваа“ прозорците на културниот центар во западниот руски регион Псков, им беше наредено да ги отстранат симболите. Локален функционер на државната телевизија изјави дека може да се прикажуваат само политички неутрални слики.

Но, познато е дека руските власти ги игнорираат законите на земјата кога им одговара, а некои аналитичари сега шпекулираат дека отстранувањето на транспарентот може да значи дека Кремљ одлучил да ги отфрли озлогласените симболи во Украина и на Западoт.

буква з симбол русија z
EPA-EFE/ANATOLY MALTSEV

Значењето на симболите „Z“ и „V“

Буквите „Z„ и „V“ за прв пат беа забележани на руски тенкови и оклопни возила непосредно пред украинската инвазија во февруари. Иако најверојатно првично се користеле за цели за идентификација, руските одбранбени претставници подоцна рекоа дека нивното значење е „За победа“ („За победа“) и „Сила V правда“ („Силата е во вистината“), иако има многу различни толкувања на овие симболи.

Симбол Z во Москва Русија
Прозорите на „Гаспром“ светат во симболот Z / Москва, Мај 2022 / EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Сепак, овие симболи, според Тајмс, не успеале да ја фатат имагинацијата и да се наметнат во руската јавнос и меќу граѓаните и најмногу може да се видат во владините канцеларии, про-Кремљ организациите и полициските автомобили.

„Можно е Кремљ да планира ребрендирање. Овие две чудни писма не поминаа добро и затоа треба да се заменат со нешто поефикасно“, вели политичкиот аналитичар и поранешен портпарол на Кремљ Абас Гаљамов.

Ниту една од овие букви не постои во руската кирилица, иако и двете имаат фонетски еквиваленти. Критичарите многупати обвинуваа дека симболот Z наликува на свастика и дека алудира на нацистичка симболика. Активистите го нарекоа симболот на опозицијата „Звастика“.

симбол z foto EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Гаљамов, поранешен портпарол на Кремљ, исто така посочува дека одлуката за отстранување на симболите може да биде знак дека Москва бара начини да стави крај на она што официјално го нарекуваа „специјална воена операција“ во Украина.

„Не може да се исклучи дека е донесена одлука луѓето да се подготват за мир и да почнеме да се занимаваме со сета оваа визуелна милитаристичка симболика“, напиша Гаљамов на својот Телеграм налог.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот