Кремљ за гласините за обединување на Русија и Белорусија: „Не, тоа не е точно“

Фото: EPA-EFE/SERGEI BOBILYV / SPUTNIK / KREMLIN

Рускиот претседател Владимир Путин не му понудил на белорускиот колега Александар Лукашенко да формираат „супер држава“, составена од Русија и Белорусија.

Ова денес го изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Со изјавата ги демантираше пишувањата на одредени медиуми дека Путин му понудил таква идеја на Лукашенко.

– Не, тоа не е точно – рече Песков за агенцијата „Тасс“.

Како што се наведува, Лукашенко претходно гласините за обединување на двете држави ги нарече беззначајни приказни, наведувајќи дека никогаш не постоела идеја да се направи такво нешто, додека Путин рече дека такви планови не постоеле ниту во минатото, ниту ќе постојат во иднина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот