Кражба во Тетово: Тинејџер украл пари и лекови од Клинички центар - Слободен печат
Хроника

Кражба во Тетово: Тинејџер украл пари и лекови од Клинички центар

Полицијата поднесе кривична пријава против А.З. (18) од село Озормиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба“.

Тинејџер во Тетово од 18 години е осомничен дека ограбувал возила во Тетово и дека украл пари и лекови од тамошниот Клинички центар.

Полицијата поднесе кривична пријава против А.З. (18) од село Озормиште, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела „тешка кражба“.

Во периодот од 11 февруари до 7 март на подрачје на Тетово, пријавениот, извршил тешки кражби во возила и одземал делови, пари и разни предмети, а во Клинички центар со употреба на сила влегол внатре и одзел пари и лекови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Слични артикли

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close