ВИДЕО | Кратка обука за „спонтан“ аплауз за претседателот: Плескај и викај „Да си жив!“

Фото: Скриншот

На друштвените мрежи се појави видео снимка која наводно е направена пред посетата на претседателот на Србија Александар Вучиќ и министерот за здравство Златибор Лончар на Клиничкиот центар на Србија.

Како што пренесуваат српските медиуми, на снимката се гледа вежбање аплауз за поздрав на високите гости.

На снимката се гледа повозрасен маж кој им се обраќа на насобраните работници кои најверојатно учествувале во изградбата на Клиничкиот центар, пренесе порталот Нова.рс.

Човекот ги „воспитува“ работниците и им раскажува дека тоа е еден од петте најголеми клинички центри на светот, а дека Златибор Лончар го има спасено српското здравство.

Потоа, ги упатува дека треба да почнат да аплаудираат откако тој прв ќе почне, а потоа да ги поздрават високите гости со повици: „Да сте живи!“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот