Кратка историја на пасошот

Фото: Слободен печат

Постои еден фрапантен податок, кој бидејќи може да се пронајде само во еврејската света книга Танах, не е најрелевантен за историчарите, сепак ни открива дека патни исправи биле издавани и во Персиското Царство и тоа во петтиот век пр.н.е.

Првите патни исправи во Европа се појавуваат кон крајот на средниот век и тоа во Англија. Пасоши, со цел да им го помогне на своите субјекти престојот во странство, прв издал кралот Вилијам Пети. Ова е воедно и првиот бирократски обид да се востанови меѓународниот систем на патни исправи, кој функционира до денес.

Сепак, Англичаните не се првите што во својот државен систем имале патни исправи. Во средниот век, во строга смисла на зборот, насекаде низ континентот биле издавани исправи за патување, кои значеле дека лицата на чие име се издадени, имаат право да се движат по трговските патишта, да прејдуваат преку мостови или одредени бедемски порти.

Интересно е дека уште претходно, во Исламскиот арапски калифат, чија територија во еден момент од историјата е импресивна, биле издавани два типа пасоши за внатрешна употреба. Еден пасош за муслиманите, вториот за останатите, па на тој начин биле утврдувани одредени права или препреки во државата.

Доколку отидеме далеку низ историјата, а притоа го напуштиме теренот на Европа, Медитеранот и Блискиот Исток, ќе пронајдеме и податоци за пасошки исправи од периодот на антиката. Во Кина, за време на владеењето на династијата Чин, животот на трговците, учителите, лекарите и голем број други професионалци, ќе бил незамислив без валиден пасош. Пасошите биле издавани од локалните облици на царската управа и внимателно биле подготвувани, во техника која е тешко да се копира, а потоа и кривотвори.

Постои и еден фрапантен податок, кој бидејќи може да се пронајде само во еврејската света книга Танах, не е најрелевантен за историчарите, сепак ни открива дека патни исправи биле издавани и во Персиското Царство и тоа во петиот век пр.н.е. Во житието посветено за Неменаја(2:7–9) од Танахот, се прераскажува случка од неговиот живот, како тој бара дозвола од персискиот цар Артаксерекс за да патува во Јудеја. Царот на Неменаја му дава пергамент, на кој пишува дека тој е негов поданик и ги моли властите на странските земји кон него да се однесуваат со почит.

Откако набрзина ја поминавме кратката историја на пасошите, неизбежно е да се посветиме и на немоќноста на македонската држава, во 21 век, на своите граѓани да им издаде патни исправи. Навистина не ми се јасни оправдувањата на надлежните за немање на формулари, кои поради некоја причина навремено не биле набавени по пат на јавен конкурс. Доколку Артаксерес пред 25 века бил кадарен на парче кожа на Неменаја да му издаде пасош, тогаш во време на модерната технологија, пасошот би требало да биде наједноставната бирократска операција во нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот