„Кралот“ Џејмс за историја во НБА лигата

Леброн Џејмс („Лос Анџелес лејкерс“) има најмногу поени во историјата на НБА лигата/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Лос Анџелес лејкерс изминатата ноќ загуби од Голден стејт после голема борба со 117:115, а овој меч ќе остане запаметен по историскиот подвиг на Леброн Џејмс, кој стана најдобар стрелец во историјата на НБА лигата.

Против Вориорси постигна 26 поени (15 скока и осум асистенции) и така стигна до бројката од 44.152 поени во кариерата.

Сега е за три поени пред легендарниот Карим-Абдул Џабар, кој во кариерата постигна 44.149 поени, а третото место на оваа вечна листа го зазема Карл Мелоун со 41.689 поени.

Следуваат Коби Брајант, Мајкл Џордан, па Дирк Новицки како најдобар стрелец од европските кошаркари во НБА лигата.

Во продолжение можете да погледнете како изгледа Топ 10 листата на најдобри стрелци во НБА лигата, а подвигот на Леброн е уште поголем доколку се има предвид дека во тие 10 најдобри стрелци освен него нема нитуеден активен кошаркар.

Имајќи го тоа на ум, Леброн само ќе ги поместува границите кога е во прашање овој рекорд, а од натпревар во натпревар ќе го прави сè поимпресивен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот