Крај на една ера: Де Роси по 18 години ја напушта Рома

EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

Како што е најавено на нивниот ТВИТЕР профил, домашната пресметка во Серија А против Парма на 26 мај ќе биде последниот натпревар на 35-годишниот „Романиста“, Даниеле Де Роси.

Тоа не значи и завршување на неговата кариера, се очекува наскоро да започне „нова авантура“, се говори дека има понуда од САД.

Од мали нозе е фан на Рома, помина низ младинските категории на клубот, а дебито за сениорите го имаше во 2001 во Лигата на шампионите против Андерлехт.

Одиграни над 615 мечеви, со освоени два трофеи во „Копа Италија“ и еден во „Суперкупот“. Ја носеше и капитенската лента, како замена за легендата Франческо Тоти.

117 пати ги бранеше боите на италијанската репрезентација во чиј дрес ја освои и светската титула во 2006 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот