Ковид пресек во Хрватска за изминатите 24 часа: Нови 2.597 пациенти и 14 смртни случаи

Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Во последните 24 часа во Хрватска се забележани 2.597 нови случаи на ковид-19 додека починаа 28 лица, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита. Бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 15.513.

На болничко лекување се сместени 1.545 пациенти од кои 178 се приклучени на респиратор.

Од 25 февруари кога беше евидентиран првиот позитивен случај на ковид-19 во Хрватска, досега се регистрирани 72.840 заболени лица, а како последица на вирусот починаа 893 пациенти.

Како оздравени се заведени 56.434 лица, бројот на самоизолирани во моментот изнесува 32.225 граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот