Ковид-19 во светот низ бројки: Над 32 милиона заразени лица, преку 23 милиони оздравени и повеќе од 983.000 починати

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Над 32 милиона заразени лица, преку 23 милиони оздравени и повеќе од 983.000 починати се најновите податоци за ковид-19 на светско ниво.

Во Грција денеска се регистрирани 342 нови случаи на ковид-19 во изминатото деноноќие, а починаа девет лица. Од почетокот на епидемијата заразени се 16.627, а починати 366 пациенти.

Албанија, пак, по подолг период е без регистриран смртен случај во едно деноноќие. Западниот сосед за последните 24 часа пријави 134 заразени лива и 100 оздравени. Од почетокот на пандемијата, па досега, во земјата се направени 83.103 тестови, вкучувајќи ги и последните 852.

Во Косово, во изминатите 24 часа, исто така, не е регистриран ниту еден починат пациент како последица на ковид-19. Вкупниот број на инфицирани во земјата е 15.333, оздравени се 12.987 додека активни случаи во моментот има 1.730.

Во последните 24 часа во Италија се регистрирани 1.640 заразени лица. Од последниот пресек, уште 20 лица починаа како резултат на инфекција со новиот коронавирус. Со вкупно 35.758 смртни случаи, Италија е на второ место во Европа по бројот на жртви, веднаш по Велика Британија.

Во изминатите 24 часа, во Бразил се регистрирани 33.281 нови случаи и 869 лица починати. Според националното Министерство, повеќе од 4,6 милиони случаи на коронавирус се пријавени во Бразил, а досега починале 138.977 лица. Бразил е на третото место во светот по бројот на заразени со вирусот по САД и Индија и на второ место по бројот на смртни случаи, по САД.

Индија денеска пријави нови 86.508 нови случаи на заразени, а вкупниот број надмина 5,7 милиони. Индија е на второ место во светот по бројот на потврдени случаи на ковид-19, по САД. Индиското Министерство за здравство објави дека уште 1.129 лица починале од вирусот, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е 91.149. Индија е на трето место во светот според бројот на смртни случаи, по САД и Бразил.

Според денешните податоци на институтот „Роберт Кох“, бројот на потврдени случаи на коронавирус во Германија е зголемен за 2.143 на 278.070. Уште 19 лица починаа од вирусот, а од почетокот на пандемијата починаа 9.428 лица.

Во последните 24 часа, потврдени се нови 6.595 случаи на коронавирус во Русија, што е најголемо дневно зголемување од 12 јули, објави Кризниот штаб. Вкупниот број на заразени сега е 1.128.836 милиони, а Русија е четврта во светот според бројот на потврдени случаи. Од последниот извештај, други 149 лица починаа, со што вкупниот број на жртви достигна 19.948 лица.

Во последните 24 часа во Унгарија се потврдени 750 нови случаи на коронавирус, а седум лица починаа, објавено е на владината веб-страница за следење на епидемијата. Во таа земја во моментов има 15.673 активни случаи. Од почетокот на епидемијата, заразени се вкупно 21.200 лица, од кои 709 починале.

Во изминатите 24 часа, во Бугарија се регистрирани 160 нови случаи на ковид-19, 51 повеќе од претходниот ден, а уште 12 лица починаа, соопштија бугарските здравствени власти. Вкупниот број на случаи во Бугарија достигна 19.283, а досега се опоравиле 13.867 пациенти, додека во моментот во болница се 726 лица, од кои 29 се на интензивна нега.

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 232 новозаболени лица и четири смрни случаи, објави Националниот штаб за цивилна заштита. Тестирани беа 5.351 лице. Бројот на активни случаи во Хрватска денеска е вкупно 1.200. Меѓу нив, 266 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење. Од почетокот на епидемијата во Хрватска, заразени се 15.572 лица, од кои 261 починаа.

Во последните 24 часа беа потврдени 122 нови случаи на коронавирус во Словенија, врз основа на 2.848 тестирани примероци, објавено е на владината веб-страница за спречување на епидемијата. Двајца други пациенти починале претходниот ден.Од почетокот на епидемијата во Словенија, вкупно се заразени 4.816 лица, од кои 145 починаа.

Во Полска се потврдени 1.136 нови случаи на коронавирус, што е најголем број од почетокот на пандемијата. Вкупно 82.809 случаи на коронавирус се потврдени во Полска, а 2.369 лица починале како резултат на инфекцијата.

Втор ден по ред има најголемо дневно зголемување на бројот на новоинфицирани со вирусот во Словачка. Во претходните 24 часа беа регистрирани 360 нови случаи во таа земја. Вкупниот број на заразени во Словачка на тој начин се искачи на 7.629, а беа забележани 41 смртни случаи, што е една од најниските стапки на смртност во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот