Ковачевски одбројува: За 20 дена АНБ ќе има нов директор

Легитимации на АНБ/Фото: АНБ

За 20 дена од денеска АНБ ќе има нов директор, изјави премиерот Димитар Ковачевски, но не прецизира дали директорот Виктор Димовски ќе понесе одговорност за случајот со македонското државјанство за олигиархот Олександр Онишченко. Инаку Димовски веќе има добиено агреман за амбасадор на македонија во Франција.

– Владата донесе заклучок за отпочнување активности за одземање на доделеното државјанство. Дополнителни информации од затворена седница на Влада не може да се споделуваат, бидејќи тоа е строго и тешко казниво дело со казна затвор од една до пет години. Се она што ќе треба да биде споделено во делот на истрагата што се води во АНБ врз основа на нивни процедури и тоа што ќе следи согласно процедурите ќе биде споделено со јавноста. Во однос на раководењето со АНБ, за 20 дена од денеска ќе има нов директор на Агенцијата – изјави Ковачевски на новинарско прашање дали осве началниците и директорот Димовски ќе понесе одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот