Ковачевски: Информациите за рудникот во Иловица прво ќе бидат доставени до Влада, а потоа Бектеши ќе ги сподели со медиумите

Сите информации поврзани со рудникот во Иловица прво ќе бидат доставени до Влада, а потоа министерот за економија Крешник Бектеши ќе ги сподели со медиумите, најави премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Ковачевски појасни дека Министерството за економија треба да достави детална информација за сите одлуки, судски и управни постапки водени од 2012 година до денес.

-Врз основа на таа информација потоа ќе се донесат соодветни одулуки за иднината. Притоа ќе мора да се внимава на интересот на граѓаните. Јас тоа јасно сум го кажал од првиот ден, дека рудници може да има само со согласност на граѓаните, ако се против, не може да има. Тоа не беше случај со претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ која имаше издадено 86 дозволи за концесии и општините, предводени исто така од ВМРО-ДПМНЕ, веќе ги имаа донесено одлуките за почеток на работите за отворање на рудниците. Сега тоа не е случај. Значи, кога ќе бидат доставени информациите до Владата, министерот ќе ги сподели со сите медиуми, истакна Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот