Ковачевски и Таравари наводно биле на гости кај Ахмети во Зајас, Алијанса демантира

Изјава на Таравари по средбата со Ковачевски/Фото: МИА

Премиерот Димитар Ковачевски и в.д. претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, денеска по средбата во Владата, биле на гости кај претседателот на ДУИ Али Ахмети во неговото родно село Зајас, објави телевизијата „Алсат“, повикувајќи се на свои извори.

На средбата, според „Алсат“, се разговарало за проширување на Владата со нов партнер во насока на зајакнување на владејачката коалиција, а во очекување на уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, за што власта „брка“ двотретинско мнозинство од 81 пратеник.

Откако беше објавена информацијата, Алијанса за Албанците преку соопштение демантира дека нејзиниот лидер Таравари бил на таква средба со Ковачевски и Ахмети.

„По средбата со премиерот Ковачевски, Таравари веднаш отпатува во Полог на средби во Гостивар, Тетово и Теарце до доцна во ноќта и, следствено на тоа, не можел истовремено да биде во Зајас. Алијанса за Албанците била и секогаш ќе биде непоколеблив поддржувач на слободните медиуми. Сепак, во овие проблематични времиња за државата, ги повикуваме сите медиуми во земјава на максимална одговорност и постапување по принципите на новинарската етика за верификација на изворите и информациите“,

Ковачевски и Таравари денеска се сретнаа во Владата, од каде по средбата не спомнаа никакви преговори за влез на АА во Владата, туку наведоа дека се работи за една од редовните средби на Ковачевски со партиските лидери, која всушност била продолжение на неодамна одржаната лидерска средба во Собранието.

Алијанса со една нога во Влада: Напладне средба Ковачевски и Таравари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот