Ковачевски: Евтината тарифа ги прави сметките за струја да бидат пониски од 2017 година

Васко Ковачевски / Фото: Слободен печат, Архива

Цената на електричната енергија не се формира пред или постизборно, тоа е лага на ВМРО-ДПМНЕ. Цената на електричната енергија, според услови и критериуми, ја формира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), која во сите сегменти на оценување беше прогласена за најдобра од Европската енергетска заедница, порача вечерва Васко Ковачевски, член на Комисијата за енергетика на СДСМ.

Ковачевски, низ конкретен пример посочи дека сега, за разлика од годините на владеење на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните плаќаат пониски сметки за струја, благодарение на евтината дневна тарифа.

– Ако просечно домаќинство троши околу 250 киловат часови во тоа време, во 2006 година имало сметка од 822 денари. Во 2017 година, кога ВМРО-ДПМНЕ замина од власт, немаше евтина тарифа и просечната цена за истите 250 киловат часови е 1.634 денари, што е речиси двојно повисокo. Со доаѓање на СДСМ на власт и реализација на нашето ветување за враќање на евтината тарифа, ако семејството што троши 250 киловат часови пример 150 во скапа тарифа, а 100 киловат часови се евтина тарифа, новата сметка за струја изнесува 1.309 денари, односно заштеда од 326 денари. Со новата цена на електричната енергија, сметката за истото семејство и истите киловати ќе биде повисока за 97 денари и ќе изнесува 1.406 денари, односно повторно има заштеда за разлика од претходно, порача Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот