Ковачевски е свесен за корупцијата, Мицкоски алармира за криминал и скандали

фото: принтскрин, Само вистина

Лидерите на двете најголеми политички партии зборуваа за еден од најголемите општествени проблеми во Македонија – корупцијата. Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски е свесен за лошата состојба во државата и за тоа дека граѓаните се разочарани, тие, вели, направиле многу на ова поле, но борбата мора да продолжи.

„Во однос на борбата против корупцијата и владеењето на правото свесен сум дека граѓаните се незадоволни. Ако некој може да биде одговорен за ова тогаш тоа сум јас ние бевме на власт. Дали можеше да се направи повеќе, можеше. Ние напреднавме девет места но тоа не е доволно потребно ни е комплетно независно судство. Јас бев иницијатор да имаме независно оценување на работата на судството и затоа ја имаме и оценската комисија. Точно да се знае како се бира Судски совет, како се бираат членови, колкав е нивниот мандат. Ова и целосен ветинг сакав да се спроведе во државата. Вои однос на борбата со корупцијата барам конфискација на нелегално стекнатимот се може да се провери. Да се прави проценка кој која финкција може да ја извршува“, рече Ковачевски.

 

Мицкоски вели дека тие покажале дека се различни од СДСМ и ДУИ.

„Ние реално немаме ниту еден сомнеж за сторен криминал и корупција за разлика од секојдневните скандали на функционери. И затоа довербата во судството е толку ниска, и тоа не го кажувам само јас тоа го кажуваат сите и меѓународните партнери. Индексот на перцепцоија на криминал и корупција е понизок за над 20 места. Советот на судии и јавни обвинители мора да биде независно тело. Судиите од своите редови ќе си ги бираат своите колеги на испразнетите позиции според заслуга“, рече Мицкоски во ТВ Дуелот на Канал 5.

 

Ковачевски вели дека ВМРО – ДПМНЕ има најмалку право да зборува за состојбата во судството. Требаше да бидат во опозиција за се да излезе на виделина од нивното работење, коментира Ковачевски.

 

„Сега има неселективност, иако сметам дека таа не е доволна. Јас кажав дека нема да имам никаков контакт ниту со судии ниту со јавни обвинители и сметам дека така треба, не мешање на политиката во правосудството. Не се согласувам со целосни распуштања за така повторно да изберете некој што ви одговара вас. Имаме цел документ со 40 мерки кои се во програмата на СДСМ, неселективност во борбата сокорупцијата. Не се вашите градоначалници безгрешни, една општина чиј градоначалник е ваш купува една машина за 50 илјади евра, друг за 40 а градоначалник од СДСМ истата ја купува за 18 илјади евра“, вели Ковачевски.

 

Мицкоски му возврати дека тие манипулирале и се обидувате да ја повлечат Македонија на дното. Според него, јавноста гледала дека имало криминали и граѓаните тоа добро го знаеле.

И медиумите влијаат во правосудството. Интероперабилноста се спроведува од наша страна, финансирана е од САД. Поднесен е закон во собранието закон за рестриктивни мерки. Зошто ВМРО –ДПМНЕго блокира не го става на комисиска расправа? – прашува Ковачевски.

„Што сеовозможува со тоа? Лица кои се санкционирани да бидат достапни и процесуирани во македонското правосудство“, додава Ковачевски.

Во врска со корупцијата и злоупотребите Ковачевски и Мицкоски дебатираа и за Балансерот. Мицкоски рече дека Балансерот не било нивно барање туку заклучок на скрининг извештајот. 

Ковачевски рече дека е подготвен планот за комплетно отстранување на балансерот бидејќи се злоупотребува.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот