Костовски: Нема разговори за македонски јазик и идентитет, тие се потврдени

Фото: Миа.мк

СДСМ е јасен, нема разговори за македонски јазик и македонски идентитет, тие се потврдени, вели Мартин Костовски, пратеник на СДСМ, одговарајќи на новинарско прашање зошто СДСМ упорно не сака прашањето околу преговорите и разговорите со Бугарија да се најде на разговор во Собранието.

– Дали треба да разговараме дека сме Македонци што зборуваат македонски јазик?! Оној кој што смета дека за тоа прашање треба да се разговара, слободно може да разговара но не во македонското Собрание. За Социјалдемократскиот Сојуз и мнозинството во Собранието за ова прашање нема простор за разговор. Ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик, рече Костовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот