Костадинов: СДСМ се оградува од изјавите на Димитриевски

СДСМ се оградува од изјавите на Максим Димитриевски и од неговото однесување во последните денови. Изјавите за тоа дали наликувало на режим или слично со сигурност нема да ги спречат институциите да постапуваат и дејствуваат согласно законите за што и самиот Димитриевски е свесен дека во нашата држава важат еднакво за сите, рече портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов на прес-конференција прашан за коментар за изјава на кумановскиот градоначалник за злоупотреба на инструментите на власта што, според него, наликувало на претходниот режим против кој тој се борел.
Костадинов истакна дека Владата предводена од СДСМ останува целосно посветена на здравствената состојба и во Куманово и на територијата на Република Северна Македонија.
-Овде би сакал да потенцирам дека од прес-конференцијата којашто се одржуваше во Куманово има и други членови на Владата на Република Северна Македонија коишто се ставени во изолација, мислам дека нивната изолација завршува денес, но што е пораката од сето тоа дека мерките, препораките, уредбите донесени од страна на Владата важат и ќе важат за сите подеднакво, без разлика кој на која и на каква позиција се наоѓа во општеството, рече Костадинов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот