Коста Петров: Поддршка за Беким, сторителите мора да се најдат и да се казнат

Потпретседателот на СДСМ, Коста Петров го осуди нападот вез ЛГБТ активистот Беким Асани. Тој физички бил нападнат од две лица во близина на канцеларијата на организацијата „ЛГБТИ Јунајтед“ од Тетово.

-Поддршка за Беким. Сторителите мора да се најдат и да се казнат. Време е и конeчно да сфатиме дека само со еднакво општество, во кое сите уживаат еднакви права, без дискриминација, цврсто можеме да чекориме кон иднината. Нема друга опција!- вели Петров.

Нападнат Беким Асани: Планирам да купам пиштол, не може кој како ќе стигне да ме тепа!

Поддршка доби и од Маја Морачанин од партијата ДОМ, која вели дека институциите мора да обезбедат целосно почитување на правата на ЛГБТИ луѓето и нивна заштита.

-Надлежните институции веднаш да спроведат темелна истрага и да го санкционираат насилството. Несанкционирањето на насилството врз ЛГБТИ луѓето доведува до негово повторување. Институциите мора да обезбедат целосно почитување на правата на ЛГБТИ луѓето и нивна заштита од дискриминација, говор на омраза и насилство- сподели Морачанин.

И лани по завршувањето на парадата на гордоста во Скопје, Асани беше нападнат во Сарај.

Нападнат Беким Асани: Планирам да купам пиштол, не може кој како ќе стигне да ме тепа!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот