Косовската опозиција со нови критики кон Курти: Да се ​​интересираше за тунелот Призрен-Тетово, ќе разговараше за тоа со Ковачевски

Курти - Ковачевски / Фото Влада на РСМ

Поранешниот шеф на кабинетот на поранешниот премиер Рамуш Харадинај, Авни Арифи оцени дека премиерот Албин Курти ја „закопал“ идејата за тунел што го поврзува Призрен со Тетово, бидејќи таков тип на договор не е склучен со општините.
Арифи на Фејсбук изјави дека Тетово е град со албанско мнозинство, каде градоначалници се Албанци, но во исто време е само општина на Северна Македонија.

„Согласно Уставот на Република Македонија, општините не склучуваат меѓудржавни договори, како што ниту нашите општини на Косово не склучуваат такви договори. Замислете каква е ситуацијата доколку градоначалникот на Драгаш се договори со премиерот на Македонија за ваков проект. Апсурд.“, рече Арифи.

Арифи вели дека доколку Курти бил целосно заинтересиран за отворање на тунелот, за тоа ќе разговарал со премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски, а не со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.

Не заборавајте дека Македонија е суверена држава и сама ги носи одлуките“, рече Арифи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот