Косово: Уапсена уште една негувателка која учествуваше во бездушното малтретирање на бабичката

Фото: Фејсбук/принтскрин

Уште една, трета негувателка од старскиот дом во Пеќ на Косово, која учествувала во малтретирањето и тепањето на старицата кое ја згрози јавноста, денеска е уапсена, потврдил Фадиљ Гаши, портпарол на полицијата во Пеќ.

– Сега има три лица кои се уапсени. Има три различни кривични дела, првото се товари за кривично дело „напад“, второто за „помагање во кривично дело напад“, а третото за „неовластено снимање“, изјави Гаши.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Медицинска сестра малтретира и шамара стара жена згрижена во дом

Портпаролот рече дека случајот е веќе префрлен во секторот за тешки кривични дела.

По објавувањето на вознемирувачката снимка, Основното обвинителство во Пеќ соопшти дека главниот обвинител ангажирал двајца обвинители и ја овластил косовската полиција да ги преземе сите неопходни мерки против негувателките вмешани во случајот.

– Двајца обвинители и косовската полиција идентификуваа и приведоа двајца осомничени на местото каде што се сомничи дека е сторено кривично дело и по наредба на обвинител им е одредена мерка притвор до 48 часа, поради сомнение дека сториле кривично дело соизвршителство во кривичното дело „напад“ и кривично дело „помагање при извршување на кривичното дело напад“ – се наведува во соопштението на Обвинителството.

ВИДЕО: Старицата-жртва на брутално насилство го напушти домот во Пеќ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот