Косово нема да го жртвува својот суверенитет за меѓународните интереси, вели вицепремиерот Бислими

Вицепремиерот на Косово Бесник Бислими денеска изјави за КТВ дека Косово „не може да го жртвува мирот и својот суверенитет заради меѓународните интереси“.
Според него, целта на меѓународната заедница е да ја заштити Србија од влијанието на Русија, а за тоа бара од косовската влада да го жртвува својот суверенитет.
„Владата на Косово нема да го жртвува својот суверенитет заради меѓународните интереси, за Србија да излезе од руската орбита“, изјави Бислими.
Тој оцени дека меѓународната заедница, доколку сака да го казни Косово, ќе го стори тоа без оглед на тоа што ќе одлучи владата на Курти.
„Доколку постои волја на меѓународната заедница да воведе казнени мерки за Косово, тие ќе бидат наметнати без оглед на нашите одлуки“, рече Бислими.