Кошаркарите на Милвоки и ЛА Лејкерс во полуфиналето на НБА купот

Леброн Џејмс („ЛА Лејкерс“) и Кевин Дурент („Феникс Санс“)/фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Кошаркарите на Милвоки се пласираа во полуфиналето на НБА купот во Источната конференција, откако на домашен терен синоќа го совладаа Њујорк со резултат 146:122.

Јанис Адетокумбо беше најефикасен во тимот на Милвоки со 35 поени, 10 скока, осум асистенции и три украдени топки. Демијан Лилард постигна 28 поени со седум асистенции, додека Малик Бизли додаде 18 поени.

За Никси како прв стрелец се истакна Џулиус Рендл со 41 поен, додека Џејлен Бренсон забележа 24.

Кошаркарите на Милвоки ноќта меѓу четврток и петок во Лас Вегас ќе играат против Индијана во полуфиналето на НБА Купот на Источната конференција.

Лос Анџелес лејкерс е вториот полуфиналист на Западот после триумфот над Феникс со 106:103. До крајот на мечот се водеше израмнета борба, клучна тројка во финишот постигна Ривс, а Дејвис од линијата за слободни фрлања ја потврди победата на „езерџиите“.

Еден од најзаслужните за триумфот беше Леброн Џејмс со 31 поен, а на спротивната страна за Санси истиот учинок го имаше Кевин Дурент. Лејкерси во полуфиналето ќе играат против Њу Орлеанс.

Полуфиналните натпревари на тој турнир се веќе закажани за следната ноќ меѓу среда и четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот