Коронавирусот го одложува наредното коло во Серија А

твитер

Премиерот на Италија, Џузепе Конте најави дека сите натпревари од наредното 26.коло од Серија А можат да бидат одложени поради коронавирусот,а неизвесен е и настапот на Интер во Лигата на Европа.

Вчера во Серија А се одиграа само два натпревари, додека четири беа одложени поради коронавирусот кој пристигна во Италија. Премиерот Конте изјави дека најверојатно сите натпревари од 26. коло во Серија А ќе бидат одложени.

– Мислам дека за само една недела нема да можеме да се справиме со инфекцијата толку многу за да можеме да продолжиме со спортски настани. Ќе го следиме развојот на болеста и ќе ја процениме можноста за одложување на сите натпревари следната недела – изјави Конте.

Најавата на италијанскиот премиер не се однесува само за натпреварите во Сериј А, туку во опасност е и реванш натпреварот во Лигата на Европа помеѓу Интер и Лудогорец кој треба да се игра в четврток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот