Корне: Швјонтек ја победив на истиот терен на кој ја прекинав победничката серија и на Серена

Ализ Корне/фото: EPA-EFE/KIERAN GALVIN

Француската тенисерка Ализ Корне е хероина на денот на Вимблдон поради победата на најдобрата тенисерка на светот Ига Швјонтек со 6:4,6:2.

Корне со победата ја ја прекина најдолгата победничка серија во 21. век од 37 триумфи по ред, која беше во сопственост на тенисерката број еден,Ига Швјонтек.

– Останав без зборови. Ова ме потсети на мојата победа над Серена Вилијамс пред осум години на истиот терен број 1 на Вимблдон. Тоа е мојот среќен терен. Јас сум голем обожавател на Ига Швјонтек, таа е неверојатно талентирана и презадоволна сум што успеав да ја победа – изјави Корне.

Французинката сега е рекордерка по бројот на последователни настапи на гренд слем турнирите со 62, а во втората недела на Вимблдон се пласираше за прв пат од 2014 година.

– Живеам и тренирам за вакви мечеви, тие ме мотивираат и верувам дека можам да победам. Таа победи на 37 меча по ред, но ако Ига може да биде победена некаде, тоа е на трева. Затоа, бев убедена дека можам да го направам тоа, бев фокусирана, а покрај себе ги имав најдобриот тим и најдобрите навивачи – додаде Корне.

Следен предизвик за Корне е осминафиналната пресметка со Ајла Томљановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот