Контроверзни одлуки на српскиот кризен штаб: Без задолжителен ПЦР тест и носење маски на отворено во екот на епидемијата

„Овој пат не донесовме нови мерки, ниту ги заостривме постоечките, туку само инсистираме важечките мерки да се почитуваат и сите контроли да се спроведуваат ригорозно“, истакна имунологот д-р Срѓа Јанковиќ по седницата на Кризниот штаб и додаде дека се работи во правна рамка.

Значи, ниту е донесена одлука за задолжителен ПЦР тест за сите патници кои доаѓаат од странство, ниту е донесена мерка за задолжително носење маски на отворено. Ова и натаму останува како препорака, коментираат српските медиуми.

Тој додаде дека досегашните мерки делумно имаат правна рамка, но дека работат на тоа со казнување да се подобрат.

– Загрижени сме, ситуацијата се влошува, но уште многу нешта зависат од нас, рече д-р Јанковиќ.

Овој член на Кризниот штаб истакна дека, засега нема причина училиштата да преминуваат на онлајн настава. И обелодени дека наскоро ќе се користат нови тестови.

-Воведуваме брзи антигенски тестови, за подобрување на дијагностиката на ковид-19, истакна тој.

Инаку, во Србија вчера се регистрирани рекордни 512 новозаразени за 24 часа, поради што денеска во 9 часот се одржа вонредна седница на Кризниот штаб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот