Конте останува премиер на Италија, но го нема Салвини покрај него

Италијанската опозициска Демократска партија соопшти дека е подготвена да формира коалиција со Движењето 5 ѕвезди, со што зад нив настрана се ставени годините на меѓусебното непријателство, за да се избегнат предвремени избори и да се омекне економската неизвесност, јави „Ројтерс“.

По повеќедневните тешки преговори, лидерот на Демократската партија, Никола Цингарети му кажал на претседателот Серџо Матарела дека неговата партија го прифаќа кандидатот за премиер на Движењето 5 ѕвезди, Џузепе Конте.

– Ние ја сакаме Италија и сметаме дека вреди да се обидеме со ова ново искуство – изјави пред новинарите Цингарети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот