Конте: ЕУ ризикува колапс доколку не се справи со предизвикот на коронавирусот

Според него, ЕУ треба да се соочи со предизвикот, кој го карактеризира како „најголемиот тест по Втората светска војна”.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте оцени дека Европската унија ризикува да не успее како проект во кризава поради коронавирусот.

Тој во интервју за Би-Би-Си рече дека ЕУ мора да дејствува на адекватен и координиран начин за да им помогне на земјите што се најтешко погодени од коронавирусот.

Според него, ЕУ треба да се соочи со предизвикот, кој го карактеризира како „најголемиот тест по Втората светска војна”.

Италија и другите земји од ЕУ се обидуваат да ја убедат Унијата да издаде таканаречени „корона обврзници”, односно сите земји да прифатат распределување на отплата на долг.

„Ако не искористиме шанса да донесеме нов живот во европскиот проект, ризикот од колапс е реален”, рече тој. Италија е најтешко погодената европска земја од вирусот.

На Италија и била испратена медицинска помош од Кина, Куба и Русија, а на прашањето дали руската помош е условена од Италија, можеби со поддршка од Рим за укинување на санкциите за Москва, Конте одговара дека ваквите инсинуации се длабоко навредливи за него.

„Тоа е навреда за италијанската Влада и исто така за Владимир Путин кој никогаш не помислил да го искористи тоа како предност”, рече Конте.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот