Конститутивна седница на црногорскиот Парламент на 23 септември

Фото: Принтскрин

 Конститутивната седница на црногорскиот парламент ќе се одржи на 23 септември. Тоа беше договорено денеска на состанокот на претседателот на Парламентот од минатиот состав Иван Брајовиќ, со претставниците на парламентарните изборни листи.

– Предлогот беше едногласно прифатен, не мора да чекаме долго … Црногорските избори покажаа дека граѓаните имаат доверба во институциите, рече Брајовиќ, пренесе порталот РТЦГ.

Подгоричкиот весник „Дан”, повикувајќи се на повеќе извори од победничката коалиција, јави дека и официјалните преговори за конституирање нова извршна власт почнуваат денеска.

Претставниците на трите коалиции кои обезбедија мнозинство во парламентот, истакнуваат дека се создадени сите услови за официјални преговори и дека дејствуваат во тој правец. Тие најавуваат дека до крајот на октомври ќе има целосно формирана влада. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот