Констатирани осум прекршоци при контрола во угостителски објекти

Полицијата, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објејкти на 185 локации во земјава.

Констатирани се пет прекршоци за присуство на малолетници после полноќ, на подрачјата на СВР Скопје, СВР Битола, СВР Куманово, СВР Велес и СВР Тетово.

При контролите бил констатиран и еден прекршок по член 80 од Законот за оружје на подрачјето на скопски Чаир, при што кај Д.Т.(25) од Скопје бил пронајден и одземен нож, како и два прекршока по Законот за лична карта на подрачјето на СВР Куманово.

Од страна на Државниот пазарен инспекторат поради констатирани неправилности запечатени се два угостителски објекта, едниот во Сарај, а другиот во с.Арнакија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот