Конечно и Вардар ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната

Фото: ФК Вардар

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар денес ги започна подготовките за вториот дел од сезоната.

Вардар се соочува со нови финансиски проблеми, па поради тоа видовме и неколку заминувања овој преоден рок и тимот се уште е со недефиниран играчки кадар.

Сепак, тренерот Бобан Грнчаров и во таква ситуација ги стартуваше подготовките со оние фудбалери кои ги има на располагање. Вардар во наредниот период ќе одигра три пријателски натпревари.

Прво против Тетекс (04.02), потоа Скопје (08.02) и Работнички (11.02). Пролетниот дел од сезоната Вардар ќе го стартува како второпласиран со само еден бод зад Гостивар, но со оглед на проблематичната ситуација црвено-црните тешко ќе дојдат до враќање во првата лига.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот