Компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година

Компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки за една година кои во 2019 година изнесуваа 162,4 милиони евра со цел да се зголеми извозната конкурентност на преработувачка индустрија, соопшти Владата.

Оваа одлука е донесена на денешната владина седница.

„Владата донесе одлука за укинување на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија за да ги олесни условите за работење на овие компании и да овозможи да се зголеми нивната конкурентност во услови на пандемија и отежнато работење на компаниите од преработувачката индустрија“, информира владината прес-служба.

Предлог-листите на производи опфатени со оваа одлука, која е првата усвоена од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од ковид-19, а се изготвени од страна на Стопанската комора на Македонија по извршена консултација со компаниите членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот