Колку често можете да јадете туна без да го загрозите здравјето?

Фото: Wikimedia Commons

Туната е победник кога се во прашање комбинациите. Одлична е во салати, намаз, сос, но и кога се јаде самостојно. Би било лесно да се јаде туна секој ден без да ви здодее, но дали е безбедно?

Ако сте слушнале предупредувања за живата и рибата, можеби се прашувате дали треба да го намалите консумирањето на туна.

„Добивам многу прашања за ова во мојата медицинска токсиколошка пракса“, вели медицинскиот токсиколог д-р Кели Џонсон-Арбор.

Додавањето риба во вашата исхрана обезбедувa голема хранлив ефект. Д-р Џонсон-Арбор го наведува подобрувањето на здравјето на срцето и намалениот ризик од рак како само некои од здравствените предности од јадењето риба.

„Многу видови риби, вклучително и туната, се здрав избор на храна и обезбедуваат многу корисни хранливи материи, вклучувајќи омега-3 масни киселини, холин, железо и протеини“, вели таа и додава дека овие хранливи материи се неопходни за развојот на мозокот и дека исто така го поддржуваат општото здравје.

Меѓутоа, таа истакнува дека рибата може да содржи и жива, која е токсична за луѓето.

„Рибата може да стане контаминирана со живата природно преку животната средина или преку индустриски процеси“, објаснува д-р Џонсон-Арбор.

Таа објаснува дека кога живата влегува во водните текови, рибите ја консумираат и на тој начин се биоакумулира во синџирот на исхрана. Поголемите риби, вклучувајќи ја туната, сабјарката и ајкулите, имаат поголема веројатност да содржат повисоки нивоа на жива отколку помалите риби.

Можеби мислите на живата како на сребрени зрнца во старомоден стаклен термометар, но д-р Џонсон-Арбор вели дека живата во рибите е поинаква.

„Живата што се наоѓа во рибите е типично метил жива, органска форма на жива“, забележува таа.

Метил живата е моќен невротоксин кој може да предизвика оштетување на мозокот во развојот кај фетусите, доенчињата и децата.

Поради тоа, таа смета дека жените кои се бремени или се обидуваат да забременат, оние кои дојат, бебињата и децата треба да го ограничат консумирањето на риба која може да содржи жива, вклучително и туната.

Д-р Џонсон-Арбор има добри вести за љубителите на туна и за оние кои не се бремени или дојат.

„Возрасните кои консумираат туна или друга риба со висока содржина на жива, малку е веројатно дека ќе развијат симптоми на труење со жива. Исто така, малку е веројатно дека повременото консумирање повеќе од препорачаната количина туна, што е две до три порции неделно, ќе доведе до штетни здравствени ефекти кај здрави возрасни лица“, објаснува докторката.

Се разбира, живата е сè уште токсична и претставува сериозна загриженост за ранливите групи на луѓе.

„Кај деца, доенчиња, но и кај фетуси, изложеноста на големи количини на метил жива може да доведе до заостанување во развојот, проблеми со меморијата и учењето или да доведе до други знаци и симптоми на оштетување на мозокот“, рекла докторката за „Бест лајф“ (Best Life), додавајќи дека овие несакани настани може да се појават кај деца родени од мајки кои биле изложени на метил жива во текот на бременоста, дури и кога мајките се асимптоматски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот