Колкава е дивидендата што ќе ја добијат акционерите во Алкалоид?

Фармацевтската компанија Алкалоид на Собранието на акционери донесе одлука за употреба и распоредување на добивката врз основа на годишната сметка за 2018 година.

Како што објави друштвото, дел од добивката во износ од 458.032.960 денари е за дивиденда и персонален данок, а остатокот од 390.166.295 денари за инвестиции.

Акционерите, според одлуката за утврдување на датуми при исплата на дивиденда, ќе добијат дивиденда за 2018 година во висина од 272 денари нето, односно 320 денари бруто, за една акција.

23.04.2019 година е последен датум на тргување со право на дивиденда за 2018 година, а пак прв датум на тргување без право на дивиденда за минатата година е 24.04.2019 година.

Правото за стекнување дивиденда за минатата година е 25 април, според одлуката исплатата на дивидендата ќе започне од 22 мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот