Колекционерите даваат добри пари за поранешните југословенски монети

Ако сеуште некаде имате илјадници монети од Сојузна Република Југославија, можеби ќе можете да заработите убави пари.

Имено, на позната српска веб-страница за наддавање, се појави интересен оглас: за 70.000 динари, односно 70 банкноти од 1.000 динари од 2001 година на кои пишува „Народна банка Југославије“, а понудувачите се подготвени да издвојат 35.000 динари“. За споредба, во 2001 година една германска марка вредела 30,5 динари. Во овој случај, тоа значи дека некој успеал да заштеди 2.295 германски марки во тоа време, објави Каматица.

Иако не е јасно зошто некој би заштедил толку пари во време кога се броел секој динар, во Српското нумизматичко друштво проверивме зошто и денес е „на премија“. Вредноста ја зголемува и тоа што веќе не се во оптек, поточно не можат да се менуваат во Народната банка на Србија. Имено, банкнотите со натпис Народна банка Југославије престанаа да важат на 1 јануари 2007 година. Повлечените пари од оптек би можеле да се заменат на крајот на 2012 година во Управата за трезорски работи на Народната банка на Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот