Колашинац: Македонија да биде една изборна единица, програмата на БДС се поклопува во клучните сегменти со онаа на СДСМ (ВИДЕО)

Од 2018 до денес формираме политики за одредени прашање. Едно од нив беше и решавање на прашањето за името со Грција. Дадовме поддршка за референдумот како и за Преспанксиот договор. Баравме и измена на Изборниот закон односно Македонија да биде една изборна единица со загарантирани пратенички места на помалите етхнички заедници. За жал освен СДСМ останатите поголеми партии тоа не го прифатија, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ претседателот на Бошњачки демократски сојуз, Мунир Колашинац.

-Очекуваме од новото мнозинство во парламентот со поддршка од СДСМ и коалицијата очекуваме промена на изборниот модел и Македонија да биде една изборна единица како би можеле самостојна да одиме на избори.

-Програмата на БДС се поклопува во клучните сегменти со онаа на СДСМ – реформи во судството, борбата против корупцијата, образованието, земјоделието.

-Со гордост можам да кажам дека Бошњачката заедница е една од најлојалните кон нашата држава. Се што твориме тука ние и инвестираме тука, изјави  Колашинац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот