Кои хороскопски знаци се родени под среќна ѕвезда?

дневен хороскоп

Астрполозите велат дека овие хороскопски знаци се на врвот на листата кога станува збор за среќата. Едноставно овие знаци имаат силна интуиција и ја привлекуваат среќата како магнет.

Девица

Припадниците на овој знак имаат среќа во сè, но особено во финансиите. Девицата може да заработи речиси од сè. Со добра интуиција и интелигенција, припадниците на овој хороскопски знак ја свртуваат секоја ситуација во своја полза. Често сакаат да живеат бурно во својата младост, но наскоро го наоѓаат својот мир и рамнотежа.

Скорпија

Скорпиите се неверојатно среќни. Дури и кога немаат пари, лесно ќе најдат некоја заборавена банкнота во џебот од капутот или во некоја фиока низ нивниот дом. Луѓето родени во овој знак имаат одлична интуиција, па затоа тие често прават договори на „слепо“ што на крајот ќе им бидат од голема корист.

Лав

Лавот е свесен дека е роден под среќна ѕвезда. Тој има репутација и почит од другите и верува дека тоа е заслуга на неговите лични напори. Припадниците на овој знак имаат толку многу самодоверба, што речиси од секоја ситуација излегуваат како победници. Имаат среќа и во љубота, бидејќи се упорни и успеваат да го најдат идеалниот партнер.

Стрелец

Ѕвездите се на страна на Стрелецот. „Среќата ги следи храбрите“ може да биде мотото на сите припадници на овој знак. Тие секогаш се отворени за нови возбудливи авантури каде често имаат можност да запознаат нови луѓе и да доживеат неверојатни моменти. Стрелците имаат среќа и во љубовта, затоа што секогаш знаат што сакаат и успеваат да си го најдат идеалниот партнер за себе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот