Кога на луѓето ќе им „пукне филмот“: Зошто ножевите за јадење имаат заоблен врв?

Фото: Flickr

Дали некогаш сте се запрашале зошто ножевите за јадење имаат заоблен врв? Историјата има одговор и на тоа прашање. Којзнае како би изгледале ножевите со кои мачкаме путер или џем врз лебот да не бил кардиналот Ришелје (Арман Жан ди Плесис), кој живеел во 17 век и бил првиот министер во Државниот совет на Луј 13. Дотогаш ножевите имале зашилени врвови.

Фото: Pexels

Ришелје, чувствителен кога е во прашање храната и бонтонот на трпезата, во една прилика му забележал на еден гостин кој одлучил остатоците од храна меѓу забите да ги исчисти со врвот на ножот. На кардиналот му здодеало непристојното однесување – од забивање ножеви во месо и друга храна кога на гостите им требале слободни раце, па до вадење на остатоците од храната од предните заби. „Му пукнал филмот“, па им рекол на слугите да се ослободат од сите зашилени ножеви и да ги заменат со заоблени.

Фото: Pexels

Набргу потоа, францускиот крал Луј 14 ги забранил шилестите ножеви – на масата, како и на оружјето – за да се обиде да стави крај на вообичаеното насилство во тоа време, што дополнително ја зацврстило позицијата на ножот за маса со кружен врв како претпочитана форма на прибор за јадење.

Овој стил набрзо се проширил во Франција, а потоа и во голем дел од западниот свет. До деветнаесеттиот век, на многу места станало невозможно да се забоде грашок на нож. Со текот на времето, обликот на ножот за јадење се променил. Станал малку поширок за да може храната од чинијата полесно да стигне до вилицата и за да може парчето леб едноставно да се намачка со џем или друг намаз.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот