Кога гроф бил циција и негалантен: Груби ја платил и својата и казната за Ахмети за роденденската забава без маски

Артан Груби / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Биле еднакви пред законот и си платиле казна за неодамнешниот настан на кој функционери на ДУИ се фотографираа без маски и без физичка дистанца при прослава на роденденот на лидерот Али Ахмети за време на вселувањето на Министерството за политички систем и односи меѓу заедници во нови простории. Ова го изјави првиот вицепремиер Артан Груби во интервју за ТВ21.

– Бевме во еуфорија и направивме грешка. Како сите граѓани, така и ние сме еднакви пред законот и си плативме казна, призна Груби во интервју за ТВ21.

Како што кажа, самиот ги платил казните од 500 евра за себе, како одговорно лице и домаќин, и од 20 евра за Ахмети. Останатите, рече Груби, сами ги подмирија своите казни, откако Инспекторатот утврдил дека го прекршил Законот за заштита на населението од заразни болести затоа што како одговорно лице дозволил прослава без заштитни маски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот