Кочов: Ова е една победа, за титула се потребни уште две – Слободен печат
КошаркаСпорт

Кочов: Ова е една победа, за титула се потребни уште две

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов е задоволен од победата на неговиот тим, но ги предупредува своите кошаркари дека работата сè уште не е завршена.

Тренерот на МЗТ Скопје, Ѓорѓи Кочов е задоволен од победата на неговиот тим, но ги предупредува своите кошаркари дека работата сè уште не е завршена. За стратегот на„металците“ ова е само една од потребните три победи кои се потребни за конечен триумф и шампионска титула.

–  Не очекував ваква убедлива победа, само ме интересираше како ќе изгледаме со осум дена пауза, која не беше добра бидејќи некако се навикнавме да играме на секои три дена. Им честитам на моите играчи на триумфот, меѓутоа ова е само една победа и ќе мора да ја заборавиме. Секој натпревар е приказна за себе, затоа што носи посебна енергија. Отворивме со триумф, а наша цел е титулата уште од почетокот на сезоната, но имаме уште да работиме за тоа – рече Кочов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close