Коби Брајант се што ќе допре претвора во злато

Фото: EPA/MARK R. CRISTINO

Поранешната ѕвезда на ЛА Лејкерс и на НБА лигата, Коби Брајант и по завршувањето на кариерата останува синоним за успех. Брајант имаше неверојатно богата НБА кариера, освои пет шампионски титули во НБА лигата, 18 пати настапи на Ол стар натпреварите, два пати беше МВП на финалните натпревари, најдобар стрелец во лигата и олимписки шампион, а во првата година откако се пензионира, доби оскар за најдобар анимиран филм.

Тој е успешен и на телевизијата, има сопствена серија „Details“ во која во секоја епизода до најситни детали ја анализира играта на НБА ѕвездите.
Последниот проект на Брајант е во литературата и се чини дека и тука ќе биде успешен.

Брајант во март годинава ја издаде книгата „The Wizenard Series:Training Camp“, која е прва од петте книги од серијата за Ролаби Визенард, таинствен кошаркарски тренер кој ја презема најлошата екипа во локалната лига, Вест Бром баџерс, и успева да ја препороди со своите необични натприродни техники.

Секоја од петте книги е напишана низ призмата на друг лик, а според жанрот, книгата е комбинација помеѓу спортска драма и фантазија, нешто како Хари Потер на кошаркарски терен.
Три месеци по издавањето на книгата, Амазон ја смести помеѓу 15 најдобри книги за млади полнолетни личности во првата половина од 2019 година.

Сепак, Брајант не е авторот на книгата, неа ја напиша Весли Кинг по инструкции, идеја и насоки на славниот кошаркар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот