Книжевно будење на духовите на историјата со „Белешки од далечниот север“

Насловна корица на книгата

Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го објави новиот роман од Константин Дораковски со наслов „Белешки од далечниот север“. Во објаснувањето за книгата е посочено дека романот прво нѐ води во историска далечина – времето на градбата на црквата „Св. Ѓорги“ во Курбиново, која е материјално и духовно наследство, и судбината на круната од преспанскиот цар.

Понатаму читателот се вплеткува во критичките опсервации од белешките на Кон-Ти, кој последните години од животот ги минува во канадскиот далечен север, неговите сеќавања за актуелните состојби во поранешна СФРЈ и независната Република Македонија.

Приказната се заокружува со Кокан, дипломат на служба во Канада, кој ги добива белешките на Кон-Ти. Заедно со пронајдениот ракопис, посветен на градбата на црквата во Курбиново, планира да ги публикува и да ја открие енигмата за наследството на царската круна и иднината на современиот етнички и државен македонски идентитет.

Искусниот автор и дипломат Константин Дораковски се враќа со дело што ги скорива духовите на историјата и нема никого да го остави рамнодушен.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 191, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 12-13.8.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот