Клубови контра Федерација: Борењето ја дава првата тужба поради родова дискриминација во спортот во земјава

Фото: EPA PHOTO EPA/ATTILA KISBENEDEK

Пред Основниот граѓански суд во Скопје денеска треба да се одржи прво рочиште по тужбата против Боречката федерација по основ на „дискриминација врз основа на род и пол”.

Според тужителите, улога во која се јавуваат полицискиот боречки клуб „Безбедност” и полицискиот клуб за боречки спортови „7 Мај-Тигар” од Скопје, Боречката федерација на Република Северна Македонија во повеќе наврати и во подолг временски период флагрантно го крши Уставот, Законот за заштита од дискриминација и Законот за еднакви можности на жените и мажите, бидејќи врши директна дискриминација врз основа на пол и род.

– Жртва на дискриминаторските дејствија со кои нееднакво се постапува, се женските борачки. Женските членови на боречките клубови се дискриминирани на повеќе начини, првично нивните активности не се во целост регулирани со подзаконски акти на ниво на Федерацијата, во одредени категории не се формирани женски репрезентации, по завршување на натпреварите, на машките учесници им се доделуваат медали и сертификати, додека пак на женските учеснички само сертфикати, наведуваат тужителите.

Од таа причина двата боречки клуба, преку Македонското здружение на млади правници поднесоа претставка до Комисијата за заштита од дискриминација, која постапи по истата и донесе Општа Препорака бр. 0801-152/3 од ден 21.06.2019 година со која се потврди постоење на дискриминаторски дејствија извршени од страна на Федерацијата.

– Согласно, законските одредби од областа на заштите од дискриминација, жените и мажите треба да имаат еднакво учество во сите области на јавниот и приватниот сектор, еднаков статус и третман во остварување на сите пpава и во развојот на нивните индивидуални потенцијали преку кои тие придонесуваат во општествениот развој, како и еднакви придобивки од резултати од произлезени од тој развој. Комисијата за спречување и заштита од дискриминација смета дека во конкретнито случај има основ за дискриминација во областа на родовите права, тврдат тужителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот