Клуб Бриж го избрка тренерот кој им донесе историско осминафинале во ЛШ

Фото: Club Brugge KV/Тwitter

Белгискиот фудбалски стратег Карл Хофкенс не е повеќе тренер на Клуб Бриж, соопшти денес актуелниот шампион на Белгија.

Клуб Бриж го отпушти Хофкенс поради лоши резултати во белгиското првенство каде што по 18 натпревари овој клуб заостанува 12 бодови зад водечкиот Генк. За многу отказот на Хофкенс е изненадување затоа што тој го предводеше клубот до осминафиналето во Лигата на шампионите.

Бриж приреди големо изненадување во групната фаза од најелитното европско натпреварување завршувајќи како второпласиран тим зад Порто, a пред Атлетико Мадрид и Баер Леверкузен.

„И покрај одличното издание во Лигата на шампионите, играта на тимот во лигата беше под очекувањата. Паузата поради Светското првенство не донесе напредок“, се наведува во клупското соопштение.

Првиот натпревар во новата година Клуб Бриж ќе го игра на 8. јануари против Генк додека во нокаут-фазата од Лигата на шампионите ќе се сретнат со Бенфика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот