Клоп е одличен, единствена грешка е што работи во Ливерпул
Јирген Клоп во 2015 година пристигна во Ливерпул, а годинава успеа со „црвените“ да триумфира во Лигата на шампионите, додека во Премиер лигата остана покус за само еден бод зад шампионот со Манчестер сити.
Дека одлично си ја врши работата во Ливерпул, доказ се трите финалиња во ЛЕ и ЛШ во последните три години, а сега почнаа да пристигнуваат признанија за неговата работа од големите конкуренти.
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Вејн Руни му оддаде признание на Клоп за одличната работа.
– Јирген е тренер за кого секој професионалец би сакал да игра. Можете да видите по неговите играчи колку им е забавно со него. Имав можност да се запознаам со него и тој е одлична личност. Единствена грешка е што Клоп работи во Ливерпул и таму ума успеси. Имам голем респект за Јирген Клоп и тоа што досега го направи. не само во Ливерпул туку у во Дортмунд. Неговите најдобри години се пред него – изјави Руни.