Ќерката на Путин 50 пати летала од Москва за Минхен: Таа е во врска со Игор Зеленски?

игор зеленски
Катерина Владимировна Тихонова и Игор Зеленски / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Странските медиуми пишуваат дека Катерина Владимировна Тихонова, ќерката на Владимир Путин е во врска со балетан кој го дели своето презиме со украинскиот претседател, пренесуваат странските медиуми.

Наводно, ќерката на Путин е во врска со Игор Зеленски, балетан и режисер кој до неодамна го раководеше Баварскиот државен балет. Информацијата ја потврдија извори на рускиот независен весник „IStories“ и германскиот „Der Spiegel“.

Претходно, Катерина, која Путин ја доби во бракот со поранешната прва дама на Кремљ, Људмила Александровна Очеретнија, беше во брак со најмладиот руски милијардер Кирил Шамалов. Тие се разделија околу 2017 година кога таа започна врска со балетанот кој исто така претходно бил оженет и има две ќерки и еден син со кореографката Јана Серебрјакова.

Дали имаат заедничка ќерка?

Изворите тврдат дека Катерина редовно патувала во Минхен за да биде со балетанот, а до оваа година наводно живеела таму со него. Тврдењата на „IStories“ се поткрепени со документи кои ги докажуваат летовите на кои биле Тихонов, Зеленски, детето, дадилките и обезбедувањето. Од 2017 до 2019 година, наводно имало повеќе од 50 вакви летови.

Наводно, документите биле во мејловите на безбедносните служби на Путин, но и на телохранителот на Катерина. Девојчето кое се споменува во документите е запишана како Игоревна и наводно е детето кое Катерина го добила во врска со балетанот.

Игор Зеленски, е роден како Русин со грузиско потекло и се верува дека не е поврзан со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Игор Зеленски го напушти Баварскиот државен балет минатиот месец, откако одби да ја осуди крвавата војна на Путин во Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот